fbpx

Со СДСМ платите растат и во криза, просечната плата е близу 30.000 денари, минималната 18.000 денари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Економските политики на СДСМ и Владата што ја предводи, даваат резултат.

Со СДСМ платите растат многу побрзо и значително, дури и во криза.

Што е особено важно во време на глобална економска и енергетска криза, за поддршка на животниот стандард на сите наши граѓани.

На чекор сме до исполнување на едно од најважните изборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари.

Просечната плата исплатена за месец јануари 2022 година изнесува 29.980 денари, односно е за шест отсто повисока од истиот месец во 2021 година.

Платите растат и во сите сектори. Тоа значи повеќе пари во семејните буџети на работниците, повеќе пари во семејниот буџет на граѓаните.

Минималната плата веќе ја покачивме на 18.000 денари, што е зголемување за двојно повеќе во однос на времето на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 8.800 денари.

Со најновото покачување на минималната плата, над 80.000 работници ќе добиваат по 3.000 денари месечно повеќе со мартовската плата која се исплаќа во месец април.

Ова почитувани се реални, видливи податоци кои ја потврдуваат успешноста на економските политики на СДСМ.

Во време на најголема економска и енергетска криза, СДСМ преку Владата што ја предводи, со вистински мерки и политики се грижи за заштитна на економскиот стандард на граѓаните.

Освен покачувањето на платите, пример за тоа е и пакетот антикризни мерки од 400 милиони евра со кои им се помага на граѓаните, но и на компаниите и кои веќе даваат резултат .

Благодарам

 

Последни вести