Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ
Белата палата во очаен обид за пренасочување на вниманието од сите судски процеси, признанија за криминал, изборни измами, корупција во ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со лажни и неосновани напади врз високи функционери на СДСМ.
Небулозно е ВМРО-ДПМНЕ која стана најбогата партија во Европа, со велелепно седиште вредно 40 милиони евра да зборува за криминал и корупција.
Лефков повторно ја згреши адресата. Тој треба да го праша својот лидер Христијан Мицкоски, како со професорска плата и како советник за енергетика се станува бизнисмен со хидроцентрали.
Впрочем и функционери на ВМРО-ДПМНЕ самите признаа вина за криминал, нелегално финансирање, корупција, изборни измами, а се уште се водат бројни судски постапки за криминал, злоупотреби и корупција.
Наместо да ја замајува јавноста и да бара оправдание за докажаниот криминал, ВМРО-ДПМНЕ треба да расчисти со криминалците во своите редови.