fbpx

Неодговорност на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ и лошо менаџирање со Лајка, вработените со месеци немаат земено плата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје

Почитувани граѓани,

Неодговорноста и лошото менаџирање со јавните претпријатија на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска во Скопје, во изминатите неколку месеци, излегоа на виделина.

Додека Арсовска троши 670 илјади евра за партиски вработувања, во ЈП „Лајка“ вработените со месеци немаат земено плата.

Нема соодветни набавки на храна и медицински материјал кои веќе недостасуваат.

Под знак прашање е функционирањето на Лајка.

Само неколку улични кучиња се третирани во изминатиот период, што е премалку а градот Скопје не прави ништо освен што сака и во ова јавни претпријатије да вдоми партиски кадар.

Работата на Лајка е клучна за хуман третман и згрижување на бездомните кучиња а со овој начин на лошо управување тоа е загрозено.

Проектот со кој Лајка ја доби својата вистинска функција е проект на претходниот градоначлник, Петре Шилегов.

Системско решение за хуман третман на уличните животни со што започна да се решава деценискиот проблем со уличините кучиња во Скопје.

Лајка не само што доби нов концепт и систем на работа, туку целосно нов, модерен објект, станционар по сите светски и европски стандарди.

Со недомаќинско работење и лошо менаџирање за само неколку месеци се заканува враќање на старите проблеми со Вардариште, нехуман третман и повторно зголемување на уличните кучиња во градот.

Како советеници на СДСМ во Советот на Град Скопје бараме од Арсвовска веднаш да ги исплати сите заостанати плати на вработените во Лајка, да се набави храна и медицински материјал и да се обезбеди нормално функционирање на стационарот.

Последни вести