Прес-конференција на СДСМ, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Владата предводена од СДСМ е силно посветена на енергетска транзиција и зголемување на производството на електрична енергија од еколошки и обновливи извори.
Започна тест-периодот на фотонапонската електрана во РЕК Осломеј со моќност од 10 мегавати, во сопственост на АД ЕСМ.
На површина од 15 хектари, на местото на некогашниот голем загадувач, денес е поставена фотонапонска електрана која со електрична енергија ќе снабдува 2.800 домаќинства.
Официјалното пуштање во употреба на оваа фотонапонска електрана, веднаш по завршувањето на тест периодот, значи почеток на енергетска транзиција на РЕК „Осломеј“ како и на кичевскиот регион.
Во време кога енергијата од фосилните горива е се поскапа и се понедостижна, важни се инвестициите во зелена, еколошка енергија. Затоа, приоритет на Владата предводена од СДСМ се инвестициите во обновливите извори на енергија.
Владата донесе одлука и за инвестирање во проектот во гасната централа Александропули, со што ќе се обезбеди трајно и стабилно снабдување со природен гас.
Исто така, потпишани се договори за реализација на стратешки инвестиции во енергетиката, како што е најголемата гринфилд инвестиција на германската компанија ВПД која ќе изгради 69 ветерници, но и соларниот парк Стипион во Штип.
Само овие две инвестиции ќе обезбедат електрична енергија од над 800 мегават часови од обновливи извори, што ќе обезбеди сериозно зајакнување на енергетскиот капацитет на државата.
Сето ова почитувани на дело ја потврдува заложбата на Владата предводена од СДСМ за зголемено производство на електрична енергија од обновливи извори и намалување на зависноста од скап увоз на струја.
Продолжуваме да инвестираме во она што е важно за граѓаните, за државата и за домашната економија.