Прес-конференција на СДСМ, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Нека е честит 7 април светскиот ден на здравјето.
СДСМ и институциите што ги предводи во изминатите години значително го унапредија здравствениот систем, со вложување во човечкиот капитал, крупни капитални инвестиции во здравствените објекти и опрема, со воведување нови методи на лекување.
Зголемени се платите и коефициентите за дежурства на здравствените работници.
Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 отсто, на општите лекари за 25 отсто, на медицинските сестри помеѓу 20 и 23 отсто, а на здравствени соработници за 15 отсто.
Некои типови на дежурства се зголемени за два до три пати.
За првпат, оваа Влада ги плати приватните специјализанти за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар. Дополнително им се плаќаат дежурства и здравстено осигурување.
Одобрени се 931 специјализација и 130 супспецијализации.
Покачени се капитациите за матичните лекари, стоматолози и гинеколози.
Паралелно со инвестициите во човечкиот капитал инвестираме во изградба и реновирање на болници и здравствени домови, вложуваме во нова опрема за дијагностика и лекување и нови возила.
Повеќе клиники и оддели во здравствените установи добија значително подобрени услови за работа.
Реновирани се хируршките сали и целата Клиника за ортопедија, хируршките сали на Клиниката за трауматологија, одделенијата на дигестивна хирургија, сите клиники во склоп на Интернистичкиот блок и тоа ОРЛ, Очно, Дерматовенерологија, Пулмологија, Неврологија, Гастроентрохепатологија, универзитетската клиника за хематологија, Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, одделот за интензивно лекување на Универзитетската клиника за неврохирургија.
Ова е само дел од капиталните инвестиции во здравството, и не застанануваме тука, продолжуваме со инвестициите во здравството кои се покажаа како витални, особено во екот на пандемијата со коронавирусот.
Во рамките на реформата на здравствениот систем ги укинавме квотите за лекови на рецепт. Турканиците во аптеките и кај матичните лекари на почетокот на секој месец и нервозата на граѓаните дали ќе стасаат до потребниот лек сега се минато.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која 11 години го урнисуваше здравството заради остварување на лични бизнис интереси на поединци, градиме ефикасен, модерен систем на здравствена заштита.
И во иднина секоја година за 5 до 10 отсто ќе се зголемат платите во здравството, истовремено продолжуваат договорите за методологијата и висината на капитациониот бод на матичните лекари.
Продолжуваме со реализација на мерките што го унапредуваат здравствениот систем, обезбедуваат поголемa грижа за граѓаните и достоинствени услови за работа на здравствените работници.
Благодарам