Соопштение за јавност
Во реплика на пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ, секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ истакна дека признанијата на функционери на партијата и правосилни судски пресуди докажуваат за обемот на криминал во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали се сеќавате на констатацијата „Заробена држава“? Дали се сеќавате дека во време на вашиот режим , на вашиот се уште актуелен лидер Никола Груевски извештаите посебно, само за нас. Гласеа извештај на Прибе, во извештајот на Прибе кој беше правен специјално за вашата Влада, за режимот се утврди масовно прислушување и кршење на човековите права, знаете како се вика тој ваш проект? „Тврдина – таргет““. За него има затворски пресуди веќе.
Масовно крадење на државни пари и употреба во партиски цели за крадење на избори. Знаете како се вика тој ваш проект? „ТИТАНИК 1 и ТИТАНИК 2“. Во тие предмети има тројца секретари на ВМРО-ДПМНЕ кои што потврдија дека тоа го правеле во интерес на партијата. Тројца секретари на ВМРО-ДПМНЕ.
Најдобар проект ви е овој новиот „Плацови на Водно“, таму велите во тој дел со СДСМ сме биле далеку од ЕУ, а со ВМРО – ДПМНЕ за џабалк се земаа Плацови на Водно кој до ден денес не можат да се добројат колкав ви е имотот и на чие име од вашите функционери.“ порача Маричиќ.
Во репликата, Маричиќ се осврна и на тоа што Никола Груевски се најде на „црната листа“ на САД.
„Вашиот вистински лидер Груевски се најде на црната листа на САД. Замислете за што, за масовна злоупотреба на своите овластувања и за корупција од огромен обем со сите негови компании во Унгарија и со сиот негов достапен имот насекаде.
Тоа е вашето наследство и за тоа многу пати ви било кажано, многу пати сте изгубиле на избори и допрва ќе ги губите изборите токму на оваа тема. Немојте да ни кажувате за барокната Влада, објаснете ни за белиот дворец којшто е најскапо седиште на некоја партија во Европа, од каде ви е и како го стекнавте.“ заклучи Маричиќ.