Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Почитувани,
САД го стави на црната листа Никола Груевски, ментор и шеф на Христијан Мицкоски, осуден криминалец во бегство.
На црната листа е и сомнителна компанија на Груевски за која допрва треба да се истражува дали служела за незаконски активности, евентуално перење пари или не?
Додека се ова се случува, додека има голем број судски пресуди за криминал на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски молчи.
Тишината на Мицкоски е најголема потврда дека во оваа партија е се по старо а тој, Мицкоски, со сите сили го брани криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
По сето ова, по сите признанија, по сите судски пресуди како онаа од Титаник и по објавата на новата црна листа на САД, Христијан Мицкоски треба да си даде оставка.
Во времето на режимот кога се правеле криминалните дејствија кои се наведени од страна на САД, Христијан Мицкоски му беше десна рака и советник на Груевски.
Потоа Мицкоски беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста знае дека дури тројца генерални секретари на ВМРО-ДПМНЕ се или осомничени или имаат пријави или пресуди за криминал.
Ако знаел за криминалот, за злоупотреба на позициите, за нелегални пари зошто молчел, кого бранел?
Бројни некогашни соработници на Груевски се правосилно осудени во судски предмети или пак се уште се пред судовите обвинети за тешки кривични дела.
Јавноста слушна и директни признанија на поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ како се правеле криминали дела.
Голем број од тие некогашни соработници на Груевски, денес се соработници на Мицкоски и дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група.
Причини за оставка има многу, но едно е јасно.
Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија раководена од Будимпешта, партија која не може и не сака да излезе од криминално режимската матрица.