fbpx

Со дијалог до решение, да не се дозволи пролонгирање на наставата и штета на учениците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Интересот на децата и на образовниот процес треба на сите нас да ни биде на прво место.

Долготраен прекин на наставата може сериозно да го наруши наставниот процес и да им наштети на учениците.

За негативните последици од прекинот на наставата предупреди и УНИЦЕФ, најголемата меѓународната организација за помош на децата во светот.

Доколку се продолжи вака, учениците и наставниците ќе се соочат со пролонгирање на школската година или ќе мора изгубените часови да ги надоместат со настава во сабота.

Прекинот на наставата може да им наштети на уписите, на државната матура, но и на околу петстотини наставници кои треба да полагаат стручен испит.

Затоа апелираме да продолжи социјалниот дијалог, без уцени, СОНК треба да се врати на разговорите, само така може да се дојде до решение.

Наставниот процес да продолжи, а наставниците да се водат од интересите на нивните ученици.

Оваа Влада предводена од СДСМ како никоја претходно покажа слух и разбирање за сите граѓани, за сите вработени. Покажа дека го вреднува трудот на наставничките, воспитачките, учителите, на сите.

Показател за тоа е што за период од четири и пол години платите во образованието се зголемени од 3.200 до 6.400 денари.

Покрај инвестициите во платите, реализиравме бројни проекти за подобрување на условите за работа на наставниот кадар преку изградба и реновирање на училишни објекти.

Сето тоа е потврда колку за СДСМ образованието е важно.

Раст на платите во образованието ќе има, како и досега заедно со сите засегнати страни низ дијалог ќе дојдеме до решение кое во интерес на наставниците.

Дијалогот ќе продолжи, наставниците ќе добијат повисоки плати, но во процесот на изнаоѓање решенија, децата, учениците не смеат да трпат последици.

Последни вести