fbpx

Правата на децата се над сè, наставниот процес да продолжи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Правото на штрајк е загарантирано, но загарантирано е и правото на образование на учениците.

Како што веќе посочија и Народниот правобранител и УНИЦЕФ, правата на децата се и мора да бидат над сè.

Затоа, наставниот процес мора да продолжи, учениците не смеат да трпат последици.

Владата предводена од СДСМ веќе подготви конкретно решение а тоа е зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен.

Освен ова, ќе се отвори и процес за нов општ договор и нова методологија за постојан раст на платите во образованието и детската заштита.

Со оваа методологија, висината на платата на наставниците, воспитувачките и негувателките веќе нема да зависи од политичката волја на владите, туку ќе расте согласно методологија.

СДСМ преку владата што ја предводи покажа вистинска грижа за образованието и за детската заштита.

Покачени се платите во основните, средните училишта, како и во градинките, се инвестираше во изградба реконструкција и опремување на објекти на училишта и градинки.

Следува и ново зголемување на платите во време на глобална економска криза, затоа СОНК треба да го прифати предложеното зголемување на платите а децата да се вратат назад во воспитно образовниот процес.

Правата на децата се над сè, не смееме да дозволиме нарушување на наставата и евентуално пролонгирање на учебната година, кое ќе биде на штета и на учениците и на нивните родители.

Последни вести