Соопштение за јавност
СДСМ и институциите што ги предводи континуирно водат вистинска грижа за лицата со попреченост.
Министерството за труд и социјална политика, во координација со другите институции и здруженијата на родители на деца со попреченост и врз основа на нивните барања спроведува пакет мерки кои ќе значат финансиска поддршка и трајно решение и ќе придонесат за вистинско унапредување на лицата со попреченост.
Со измена и дополнување на Законот за заштита на детето ќе се овозможи покачување на посебниот додаток за 15% за сите три подвидови на корисници, ослободување од партиципација на лицата со попреченост над 26 години, за специјалистичко-консултативна здравствена заштита, болничко лекување и лекови на рецепт.
Предвидена е измена на Законот за социјална заштита со која ќе се дополни делот за децата/ лицата кои можат да ја користат услугата за лична асистенција и за децата/лицата со комбинирана попреченост, а со измена на Правилникот за ортопедски помагала ќе се овозможи да се доделуваат ортопедски помагала – чевли на секои 6 месеци за сите возрасни групи
Со измена на на Одлуката за цената на социјалните услуги за 2022 година, се предвидува цена за час индивидуален и цена за дневен третман за дете/лице со попреченост од стручен работник во лиценцираните Дневни центри за деца со попреченост, односно 858 денари за индивидуален третман и 1.053 денари дневно по корисник.
Се воведува Регистар за лицата со попреченост и се подготвува нова Национална стратегија за лицата со попреченост за периодот 2022-2027.
Предвидено е отворање на Центар за рана интервенција во соработка со Министерството за здравство и со Граѓанските организации, како и 10 станбени единици за живеење со поддршка за 50 корисници од Специјалниот Завод Демир Капија и ЈУ Завод за рехабилитација Скопје.
Истовремено се намалува возрасната граница за остварување на правото за траен надоместок за родител кој се грижел за своето дете со попреченост до неговата 26 годишна возраст и се обезбедуваат обуки и понуда на работни места за невработените родители на децата со попреченост во услугите од социјалната заштита и во Дневните центри.
Предлог- законот за изменување на Законот за детска заштита поднесен од Левица е неприфатлив и паушален фокусиран само на финансиската поддршка без да се земат во предвид останатите потреби на децата и лицата со попреченост.
Без анализи законските решенија се само популизам и ништо повеќе.
Токму затоа институциите предводени од СДСМ системски и трајно ја унапредуват состојбата на децата и лицата со попреченост, ги подобруваат нивните права, а со тоа и животниот стандард на лицата со
попреченост.