fbpx

Битиќи за 100 дена Влада: Се справивме со предизвиците и го заштитивме стандардот на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари, добар ден,

„100 дена Влада“ се одлична можност за прва проверка на сработеното и дали патеката по која одиме е планираната и претходно замислената и ветена пред граѓаните.

Пред граѓаните треба да сме отчетни но и реални… овие 100 дена се веројатно едни со најголеми предизвици и вистината е дека и следните 100 дена, а и тие по нив, ќе треба и ќе се справуваме со истите.

Важно е да се каже и сите да запаметиме, успешно се справуваме.

Успеавме да останеме солидарни и никој да не биде изоставен како и да ја задржиме стабилноста на нашата економија без да ги нарушиме нашите социјал-демократски вредности. Успеавме да ги задржиме нашите работници на своите работни места како и да ја одржиме ликвидноста на компаниите, односно економијата што се потврдува со остварените приходи на крај на февруари кога беа за 14% повисоки од истиот период лани, а на крај на март беа 16,86% повисоки од минатата година. Овој тренд се задржува и во април месец.

Во 100 дена на оваа Влада ги започнавме со реализација на едно од нашите ветувања кон граѓаните, а тоа е покачувањето на минималната и просечната плата.

Преку социјален дијалог, ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари.

80.000 наши сограѓани кои претходно добиваа по 15.200 денари, денес веќе имаат плата од 18.000 денари.

Платите во јавниот сектор ќе го следат покачувањето на минималната плата согласно членот 8 од законот за минимална плата!

Но ова истовремено мора и ќе значи и отворање на дијалогот и коренитите промени кои ќе носат продуктивност и ефикасност како и оптимизација на јавниот сектор.

Токму поради тоа ги започнавме преговорите за потпишување на нов Општ колективен договор со кој ќе го утврдиме усогласувањето на платите во јавниот сектор со минималната плата но истовремено ќе го отвориме прашањето и конечно и дефинитивно ќе воведеме реформи за рационализација и продуктивнос на јавниот сектор, затоа што секој кој што работи заслужува достојно да биде платен, но и секој граѓанин заслужува да добие услуга која ќе е навремена, квалитетна и професионална.

Она е најважно во овој процес а да добиеме системско решение и да го решиме ова прашање, а не постојано да го реотвораме и да се купуваат политички поени со оваа тема, а е на штета на нашиот развој.

Ако нешто потврдивме во овие 100 дена, тоа е дека дијалогот дава резултати.

Преку дијалог дојдовме и до нова методологија за раст на пензиите.

Новата методологија, по која ќе се прават усогласувања два пати годишно во април и во септември, предвидува при усогласувањето предвид да се земаат трошоците за живот со 50% и просечната плата со 50%. Ова е начин како да се обезбеди континуиран раст на пензиите во иднина, без потреба од дополнителна интервенција.

Растот на стандардот на живот, на активните учесници на пазарот на труд (работниците) ќе носи пораст и на пензиите, што ќе значи релаксирани златни години за нашите пензионери.

(Согласно оваа методологија, во септември следува рекорден раст на пензиите, при што следејќи ги актуелните економски движења, тоа покачување на пензиите би изнесувало околу шест отсто.)

Зголемувањето на стандардот на живот на нашите граѓани е наш приоритет број еден!
Но, во овие 100 дена паралелно се грижевме и на заштита на стандардот на живеење.

За справувања со последиците од економската и енергетската криза, спроведуваме пакет од 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите.

Ги намаливме ДДВ-то и акцизите за да ја задржиме цената на нафтата и нафтените деривати. Данокот на додадена вредност од пет отто го сведовме на нула отсто и ги ограничивме малопродажните и големопродажните маржи на основните прехранбени производи, со што успеавме да спречиме огромен раст на цените на основните производи.

Почитувани граѓани,

Оваа Влада предводена од СДСМ ќе продолжи да се грижи за сите граѓани. Свесни за кризата во која се наоѓа европскиот континент и начинот на кој истата се прелева и во нашата земја.

Затоа повеќе од било кога е потребно одговорно, солидарно и домаќинско работење. Паметно користење и планирање на нашите ресурси но не смееме да дозволиме да не мислиме на иднината.

За прв пат земјава започнуваме со креирање на долгорочна Национална Развојна Стратегија која точно ќе ги мапира нашите потенцијали и ресурси кои ни се на располагање и ќе ги спои со нашите планови за развој во следните 20 години.

Националната развојна стратегија покрај јасната слика, која преку инклузивен процес заедно ќе ја креираме, за тоа во каква држава сакаме и ќе живееме, ќе донесе и јасност при носењето на други државни одлуки и политики.

Јасната визија за развојот, овозможува рационално планирање како и ефикасност и ефективност во искористувањето на ресурсите.

Благодарам.

Последни вести