fbpx

Мицкоски се обиде да ја ослабне државната позиција со Бугарија, но не успеа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Преку лажни вести, дезинформации и деструкции Христијан Мицкоски се обиде да ги ослабне државните позиции во односите со Бугарија.

Мицкоски лично присуствуваше на Конгрес на Европската народна партија каде премолчено се согласи на Резолуција која ги промовираше бугарските позиции.

Лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека со решавањето на прашањето со Бугарија ќе се загрозел идентитетот и јазикот, ја плашеа јавноста дека народот ќе се асимилирал а државата ќе се бугаризирала.

Со таквото срамно однесување, Мицкоски се обиде да ги наруши државните позиции и националните интереси.

За среќа, таквите негови обиди пропаднаа.

Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски во решавањето на спорот со Бугарија, се водат исклучиво од националните интереси и црвените линии поставени со Резолуцијата усвоена во македонското собрание.

За македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја и посебност, нема да има никакви преговори со кого било.

Откако не успеа обидот на Мицкоски да ги сруши државните позиции време е тој да смогне сили и да им се извини на граѓаните.

СДСМ како и досега продолжува да бара решенија за евроинтегративниот процес, со целосна заштита на македонскиот идентитет, јазик и посебност.

Последни вести