fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да престане да лаже и манипулира, ЕСМ 100% ги обезбедува потребите на домаќинствата по цена далеку пониска од цената на струјата на берзите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на прес-конференција на Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ

Како што се однесува по сите прашања, ВМРО-ДПМНЕ така се однесува и за енергетската криза, лаже и манипулира.

Во време на светска енергетска криза, Владата, институциите прават се за зголемување на домашното производство на електрична енергија со цел да се намалат ценовните шокови од растот на струјата на светските берзи каде цената изнесува од 320 до 360 евра за мегават час.

Воопшто не е точно дека 200 милиони евра се потрошени за набавка на струја. Целата помош изнесуваше 171 милиони евра, но за ублажување на последиците и менаџирање со енергетска и топлинска криза.

Во таа насока е и вкупната помош од буџет 171 милион евра, и тоа за мазут за ТЕЦ Неготино, за дополнителна набавка на јаглен за зголемено производство од Битола и Осломеј, покрај сопствениот ископ на јаглен, за гас за парно греење за Скопје, бидејќи ЕСМ го презеде БЕГ, односно топлификацијата на Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ лаже и за работата на електростопанствата во регионот, сите електростопанства во регионот бележат загуби.

Она што ВМРО-ДПМНЕ намерно не го кажува е фактот што за периодот јули – декември 2022, ЕСМ ќе ги обезбеди вкупните количини на електрична енергија кои му се потребни на ЕВН Хоме, односно 100% да ги покрие потребите на граѓаните и малите потрошувачи иако законот за оваа година го обврзува ЕСМ за 60%, како и целосно покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродистрибуција и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО.

Исто така, ЕСМ се обврза да обезбеди и дополнителни 10% енергија доколку ЕВН Хоме го побара тоа во текот на договорниот период.

Одговорно и транспарентно, ЕСМ даде отчет во април 2022 година за наменските средства до последен денар.

ЕСМ е во постапка на отворање и нови рудници поради европската енергетска криза но истовремено ги продолжува инвестициите во обновливи извори, како стратешка определба и усогласеност со европските и светски трендови.

За разлика од запуштените капацитети од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЕСМ сега прави редовни и капитални ремонти.

ВМРО-ДПМНЕ пет години избегнуваше да го донесе Законот за енергетика, кој е европска обврска, само за да не се соочи со неизбежното либерализирање на пазарот.

Додека ВМРО-ДПМНЕ знае само да ја лаже и манипулира јавноста, СДСМ продолжува да инвестира во енергетиката и во секој сектор важен за граѓаните и државата.