fbpx

ВМРО-ДПМНЕ создава намерно тензија во Собрание за одбрана на криминалот, нема да дозволиме хаос, секој ќе одговара

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Јавноста денеска има можност да види кој навистина прави тензии и конфликти во Комисијата за европски прашања.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со навреди, дрско и безобразно однесување, не дозволуваат ниту да започне седницата на Комисијата.

Сето ова е доказ дека тие се виновниците кои го предизвикаа и вчерашниот инцидент.

Секогаш кога овде во Собранието се расправа за закони од правосудството, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, деструктивни прават тензии, ги малтретираат пратениците и вработените во собраниските служби, а често се обидуваат да испровоцираат и физички пресметки.

Тоа е така затоа што ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги брани криминалците на режимот и секогаш е против функционален судски систем.

На јавноста и е целосно јасно дека во Собранието нема жестоки кавги меѓу пратениците од власта и опозицијата, туку има само обид да се создадат тензии со цел пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски да го одбранат криминалот.

ВМРО-ДПМНЕ ги поминува сите граници на нормалност и пристојност, многу се нервозни, но ние како парламентарно мнозинство нема да дозволиме овде во Собранието да надвладее хаосот.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да знаат дека бадијала прават тензии, одговорност за секој криминал ќе има, и овие нивни обиди за блокади повторно ќе бидат неуспешни.

Последни вести