Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми
Христијан Мицкоски оди по странски телевизии и го руши македонскиот јазик, со срамни тврдења дека нашиот македонски јазик бил кодификуван во 1977 година.
Македонскиот народен јазик постоел, постои и ќе постои се додека има Македонци кои го говорат својот мајчин јазик.
Но, срамота е за Мицкоски, срамота е за еден македонски политичар да не знае кога е кодификуван неговиот јазик.
А Мицкоски на српска телевизија, пред српската јавност, тврдеше дека македонскиот јазик бил кодификуван дури во 1977 година.
Да ги слушнеме изворно ставовите на Мицкоски за македонскиот јазик:
Линк до видео: https://youtu.be/fzdO39DSXYU
Дали е ова незнаење или намерен обид да се загрози македонскиот јазик, тоа треба да каже самиот Мицкоски.
Но, секој ученик по македонски јазик и секој македонски граѓанин знае дека Кодификацијата на Македонскиот јазик е поврзана со следниве историски настани:
Прво, со Решението на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава;
Второ, со Решението на Президиумот на АСНОМ од мај 5 мај 1945 година за македонската азбука;
И трето, со официјалното усвојување на македонскиот правопис – 7 јуни 1945 година.
Затоа и Владата предводена од СДСМ го усвои 5 мај за Ден на македонскиот јазик, на денот кога е усвоена македонската азбука.
Ова се почитувани, историските документи кои очигледно Мицкоски не ги знае.
При вакви историски факти, да се тврди дека македонскиот јазик е кодификуван дури во 1977 година е нанесување директна штета на македонските национални интереси.
Сега е уште повеќе јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ во нивното 11 годишно владеење не отворија уста за македонскиот јазик, зошто намерно дозволија пропаѓање на бројни лекторати по македонски јазик ширум Европа.
Мицкоски треба ова да го прочита, да го научи, за да си ги научи корените.
А до тогаш да престане да оди странски телевизии за да не се брука себеси и сите нас со изјави дека македонскиот јазик ни бил кодификуван 1977 година.