Почитувани сограѓани на Општина Радовиш
Градоначалниците и директорите од ВМРО-ДПМНЕ се симбол за неработење и партизација на општините и јавните претпријатија.
Во време на глобална економска криза градоначалниците и советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги зголемуваат цените на услугите за комуналии, правдајќи се со зголемени трошоци за работа.
Така е и во нашата општина Радовиш која што по барање на градоначалникот Ацо Ристов на вчерашната седница на Советот, се донесе Одлука за зголемување на наплата за комуналните услуги на граѓаните, во вид на комунална такса.Со оваа Одлука драстично се зголемуваат трошоците на граѓаните за наплата на комуналната такса во сите дејности.
Но трошоците за работа не се пречка насекаде низ јавните претпријатија да вдомуват партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Додека ги преполнуваат претпријатијата со партиски кадри, удираат по џебот на сите граѓани. Ваков пример за полнење на општинската каса на сметка на граѓаните е водедувањето на платен паркинг со високи цени.Односно доказ за тоа се големиот број на опфатени улици и направен сообраќаен хаос со еднонасочни улици со цел обезбедување на што поголем број паркинг места.
Ова е неодговорно, срамно и безобразно однесување на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо да обезбедат средства за да им помогнат на граѓаните за полесно да се справат со кризата, тие дополнително им го отежнуваат животот со поголеми давачки.
Градоначалниците и директорите од ВМРО-ДПМНЕ да не бараат алиби и да престанат преку злоупотреба на Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ да се закануваат и да бараат пари од Владата туку да почнат да работат одговорно и домаќински.
Уште еднаш се докажа дека градоначалниците и директорите од ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижат за граѓаните, туку важно им е само нивните џебови и џебовите на нивните партиски другари да бидат полни, додека општините и претпријатијата тонат во долгови.
https://fb.watch/ezvkXEN6Bm/