fbpx

Младите се за европско Тетово, на 20 август гласаме за број 1

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми , Марко Михаилоски, претседател на СДММ

Почитувани,

СДСМ ги слуша потребите и барањата на младите од Тетово.

Преку одговорни политики, ја намалуваме стапката на младинската невработеност и ги унапредуваме условите за живот и работа на младите, за да останат дома, во своите родни места.

Така е и овде во Тетово, со поддршка на централната власт овде се реализирани важни проекти за младите.

Кандидатите за советници на советничката листа на СДСМ и коалицијата се подготвени да работат одговорно и посветено за своите сограѓани особено за младите.

Поддршка на иницијативата за парк во Тетово, нов спортски центар, се само дел од проектите за кои ќе се залагаат нашите советници во идниот состав на Советот.

Со СДСМ Тетово ќе се развива како модерна, европска општина. Затоа, ги повикувам сите млади на 20 август да излезат масовно и да дадат поддршка на советничката листа на СДСМ и коалицијата.

Да гласамо за број 1 да гласамо за европско Тетово!

Последни вести