fbpx

КОНКУРС – Школа за женски активизам – VIII генерација

Facebook
Twitter
LinkedIn

КОНКУРС

Школа за женски активизам – VIII генерација

Форумот на жени на СДСМ веќе седум години успешно спроведува политичка едукација на членките на СДСМ. Школата за женски активизам ќе им овозможи на учесничките теоретско знаење и практична обука во насока на подобро разбирање на родовите аспекти, но и ќе го продлабочи нивното знаење за конкретни родови прашања кои се однесуваат на учеството на жената во политиката. Преку активностите на Школата за женски активизам, учесничките ќе се сензибилизираат за теми од областа на родовата еднаквост и родовата интеграција, родово базираното насилство и дискриминација, зајакнувањето на жената, родово анализирање и буџетирање, како и низа други прашања кои директно се однесуваат на родовата димензија. Овие цели ќе се реализираат во рамките на четири циклуси на дводневни викенд-семинари во периодот од септември до декември 2022 година и тоа:

– Прв модул: 24-25 Септември 2022
– Втор модул: 15-16 Октомври 2022
– Трет модул: 19-20 Ноември 2022
– Четврт модул: 17-18 Декември 2022

Услови за учество

Право да конкурира за учество на Школата за женски активизам има:

– Секоја членка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,
– Да ги застапува социјалдемократските вредности,
– Сака да биде активна во општествениот и политичкиот живот во Северна Македонија,
– Да поседува комуникациски и презентациски вештини.

Потребни документи за учество:

– Биографија (CV) со наведени контакт-податоци
– Писмо за мотивација

Селекција на кандидатки

Селекцијата ќе се одвива во две фази.

Во првата фаза кандидатките ќе бидат селектирани врз основа на личните постигнувања (вклучувајќи го неформалното образование и политичкото искуство) наведени во биографијата и писмото за мотивација.

Во втората фаза кандидатките кои ќе се квалификуваат ќе бидат известени и повикани на усно интервју. За одржување на усното интервју, квалификуваните кандидатки ќе бидат дополнително информирани.

Избраните учеснички на Школата за женски активизам ќе бидат известени.

Непотполни документи нема да се разгледуваат!

Поднесување на документите

Документите треба да се поднесат најдоцна до 26 август 2022 година на е-маил: skola.zenskiaktivizam@gmail.com или по пошта на адреса: СДСМ, ул. „Павел Шатев“ бр.8 (со назнака за Форум на жени на СДСМ – Школа за женски активизам).

Последни вести