Изјава за медиуми ,Мелиса Ценовска Серафимовска ,членка на ИО на СДСМ
Почитувани тетовчани,
Нашиот град Тетово, нашиот дом, градот во кој сме се родиле, сме растеле и во кој живееме, е слика на соживотот и на мултикултурализмот. Слика, која се стремиме да им ја оставиме на идните генерации како град во кој би живееле еден со друг, а не еден покрај друг.
Сите го сакаме Тетово и сите сакаме да видиме како секојдневно напредува, се унапредува, како се менува во подобар, модерен, европски град. Град со сообраќаен ред, со паркови, со спортски терени, со нови можности за младите. Град, во кој напредокот е загарантиран, а развојот обезбеден, затоа што со создавање на подобри услови на сегашните, ќе создадеме и подобра иднина за идните генерации.
Мои сограѓани,
Со целосна поддршка на изборната програма за овие вонредни локални избори, се обврзуваме во исполнувањето на проектите кои му се потребни на градот, кои им се потребни на граѓаните.
Верувам во изборната програма и во листата на кандидатите за советници од СДСМ и Коалицијата ,,Најдоброто за Тетово”.
Верувам, затоа што истите ги познавам и знам дека се чесни, вредни, угледни и докажани, како во својата област, така и во нивното соседство, така и во нашата општина.
Верувам дека секој од нив е подготвен да го даде својот максимум, затоа што нема поголема привилегија од тоа да се работи за своите граѓани, за оние кои преку гласање ви ја дале својата поддршка.
Во сабота вие одлучувате! Со заокружување на бројот 1, вие го бирате Најдоброто. Вие бирате модерно, европско Тетово.