fbpx

Заради неспособност и рацете во медот ВМРО-ДПМНЕ го доведе ЈСП пред колапс

Facebook
Twitter
LinkedIn

Заради неспособност, заради тендери и провизии, заради рацете во медот на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, градскиот превоз во Скопје и ЈСП се доведени пред колапс.

Наместо бесплатен превоз Скопје е на раб да остане без градски превоз, нешто што досега не само што се нема случено, туку е незапаметено.

Вината за овој колапс е целосно во локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје и нивната градоначалничка којашто тие ја промовираа, ја поддржаа и којашто ја избраа на чело со медарот Христијан Мицкоски.

Граѓаните на Скопје не ги избраа советниците од ВМРО-ДПМНЕ, ниту нивната градоначалничка да излегуваат во јавноста и да ја префрлаат вината на кој ќе им текне туку да работат.

Советничката група на СДСМ и коалицијата нема да дозволи неспособноста и медарството на ВМРО-ДПМНЕ да биде на штета на Скопје и скопјани.

Последни вести