fbpx

Во Скопје и во секоја општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ се случува хаос и катастрофа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол на СДСМ и пратеник

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за неспособност, за партизација и хаос во единиците на локалната самоуправа кои ги предводи.

Хаосот е највидлив во Град Скопје. Нема реализирано ниту еден проект од програмата, не се реализираат ниту наследените проекти кои се во одмината фаза и за чија реализација се обезбедени пари.

Јавниот превоз е во колапс, ЈСП тоне во долгови, а катастрофална е состојбата и во други Јавни препратија како „Водовод и канализација“ и „Паркови и зеленило“.

Хаос, неспособност и удар врз џебот на граѓаните се случуваат и во други општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ.

Во оваа најкризна година, многу општини ги зголемија цените на комуналните услуги.

Во Штип цената на ѓубретарина е зголемена за дури 110 отсто, во Гевгелија 90 отсто, во Прилеп за 67 отсто, поскапени комунални услуги има и во Охрид, во Радовиш, Во Виница…

Додека удираат по џебот на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините и парите од задолжувањата ги трошат расипнички на непродуктивни трошоци и на партиски вработувања.

Општина Радовиш се задолжува со 800.000 евра преку комерцијален кредит, градоначачалникот на Ѓорче Петров троши 100.000 евра за луксузно опремување на новата општинска зграда, градоначалникот на Гевгелија потрошил над 14.000 евра за девет месеци за ручеци и вечери по ресторани.

Во сите овие општини, но и во многу други како Град Скопје, Бутел, Кисела Вода, Велес, Битола, Ресен, се случува масовна партизација каде општините и јавните претпријатија се полнат со кадри од ВМРО-ДПМНЕ.

Ете го сработеното од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за оваа прва година од мандатот.

ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната локална и градска власт.

Последни вести