Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ
Почитувани,
2022 година е година на најголемите лаги на Христијан Мицкоски кој е под заложништво на Димитар Апасиев и Левица.
Се што Мицкоски кажа во делот на енергетиката излажа и на крајот се покажа како крајно погрешно.
Мицкоски лажеше и ја плашеше јавноста дека во државата немало повеќе јаглен.
Јаглен има доволно и таа негова лага беше демантирана со зголемено производство на електрична енергија од страна на термоелектраните.
Мицкоски лажеше дека не се произведувало доволно струја во државата, а со месеци целото потребно количество на електрична енергија за малите потрошувачи се добива од домашно производство.
Со месеци Мицкоски лажеше дека цената на гасот драматично ќе се покачи и повикуваше да се набави гас за целата грејна сезона.
Ако го слушавме Мицкоски и набавевме гас за целата грејна сезона сега државата ќе беше зијан од околу 100 милиони евра, затоа што Мицкоски и за тоа излажа.
Денес, ги нема ниту рестрикциите за кои Мицкоски исто така лажеше дека ќе се случувале.
Почитувани,
Целиот овој изминат период покажа дека Мицкоски или нема основни познавања од енергетика или свесно ја лаже и вознемирува јавноста.
Христијан Мицкоски цела година ги лажеше граѓаните за сите важни теми и прашања.
На Мицкоски, заложникот на Левица и Апасиев, едноставно не може да му се верува.