fbpx

Мицкоски, заложникот на Апасиев е директно одговорен за катастрофата што се случува во Скопје и во други општини

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Мицкоски, заложникот на Апасиев е директно одговорен за катастрофата што се случува во Скопје и во други општини

Христијан Мицкоски е заложник на Димитар Апасиев и Левица и тој факт не може да го скрие со ниту едно лажно обвинување.

Факт е дека коалицијата Арсовска –ДПМНЕ – Левица управува со Град Скопје а последна потврда за тоа е Буџетот за 2023 година на Град Скопје кој беше изгласан од советниците на Левица и ВМРО-ДПМНЕ.

Токму Мицкоски беше тој кој ја промовираше Арсовска, кој во нејзино име најавуваше набавка на електрични автобуси.

И Арсовска и претседателот на Советот и мнозинството во Советот како и мнозинството од членовите на управните одбори во Град Скопје се поврзани со Мицкоски и затоа денес, сите негови обиди да се оттргне од Арсовска се смешни и несериозни.

Одговорност за катастрофата што му се случува на Скопје, но и на многу други општини низ државата, е кај ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски, заложникот на Левица и Апасиев.

Последни вести