fbpx

Муцунски ја задолжува Општина Аеродром со обврзница од 5,4 милиони евра со непозната камата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Милутин Ристевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Аеродром

Почитувани,

Тимчо Муцунски ја започна постапката за задолжување на Општина Аеродром со долгорочна денарска обврзница од 5,4 милиони евра.

Во моментов познато е дека долгот ќе се враќа следните 10 години со камати. Не е позната висината на каматните стапки и нема никаква гаранција дека сметката на Општина Аеродром нема да биде блокирана како што беше сметката на Општина Карпош до пред само 5 години.

Нејасно е и кој ќе ја купи обврзницата, дали на овој начин фирми кои на пример се бават со градежништво, можат да ја купат обврзницата? Дали на овој начин општината станува зависник од големи компании кои после ќе нарачуваат Детални урбанистички планови за нивни интереси?

Од одлуката која ја изгласа ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општината се гледа дека со овие средства планирана е изградба на 2 и пол градинки, а не 4 како што Муцунски ветуваше пред изборите. Планирани се 2 доградби на училишта и точно 0 нови училишта.

Слушнавме дека се планираат 2 нови градинки во населба Лисиче и кај кулите на Џевахир. Останува нејасно дали ќе се изградат ветените градинки во Мичурин, Острово и Долно Лисиче.

Со ова задолжување ниту еден проблем не се решава трајно. Ниту недостатокот на градинки, ниту недостатокот на училишта, ниту недостатокот на паркинг простор, ниту потребата од развиена мрежа на улици и велосипедски патеки.

Дополнително, овие средства се предвидува да бидат искористени и за покривање на неспособноста на самопрогласената „најдобра менаџерка во Европа“ Данела Арсовска во делот на изградбата на водоводна и канализациона мрежа.

Наместо развој и решавање на проблемите, аеродромци добиваат нов проблем – долг од 5,4 милиони евра кој ќе го враќаат во следните 10 години.

Уште еднаш го повикуваме градоначалникот Муцунски пред нашите сограѓани од Аеродром јавно да одговори:

1. Колкави ќе бидат каматите за задолжувањето и дали гарантира дека општината нема да има блокирани сметки во следните 10 години?

2. Како успеа за само една година Аеродром од најбогата општина во државата, да ја претвори во општина која тоне во долгови?

3. Во која програма го вети пред граѓаните задолжувањето од 5,4 милиони евра?

Последни вести