Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани,
Мерките и политиките во енергетиката на Владата и институциите предводени од СДСМ даваат реални и видливи резултати.
Во време на светска енергетска криза, домашниот енергетски сектор работи со полн капацитет, а производството на електрична енергија е на рекордно ниво.
Во јануари оваа година, 87 отсто од потребите за електрична енергија во државата се обезбедени од домашни капацитети, додека само 13 отсто е увезена и тоа за сите потрошувачи, а не само за домаќинствата и малите потрошувачи.
Ова не беше случај досега, затоа што во овој месец се увезуваше во просек околу 30 отсто од електричната енергија.
АД ЕСМ деновиве произведе најголемо дневно количество електрична енергија во последните 10 години.
Државната компанија на почетокот на оваа година произведе 40 отсто повеќе електрична енергија споредено со истиот период лани и дури 86 отсто повеќе од истиот период во 2021 година.
Светската енергетска криза предизвика за првпат во 70 години, сите енергетски капацитети во државата да се во функција и да произведуваат енергија.
Трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино со двата котли, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост, се во функција да произведуваат енергија
Тоа придонесе цената на струјата да не се зголемува.
Со воведувањето на блок тарифите цената на струјата е намалена кај 70.000 мали компании на регулираниот пазар, а 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија.
СДСМ како одговорна партија продолжува со мерките и политиките што го зајакнуваат енергетскиот капацитет, ја зголемуваат енергетската независност на државата и обезбедуваат пониски трошоци за електрична енергија.