fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните, не се заборава заробената држава, грабежот и спомениците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Околу 600.000 претежно млади луѓе ја напуштија државата за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните тоа не го забораваат, порача во реплика во Собранието, пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска.

„МВР ја претворивте во МВРО-ВМРО, прислушувавте над 20.000 граѓани, студентите ги тепавте по читални, ги заплашувавте и им се заканувавте на наставниците, а граѓаните ги искрадовте. Вие подобро и повеќе се грижевте за спомениците, отколку за граѓаните, трошевте на чоколадо, а не за леб за граѓаните“ порача Лазаревска.

Лазаревска им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не ги потценуваат граѓаните, затоа што народот многу добро знае како се однесува ВМРО-ДПМНЕ кога е на власт.

Последни вести