fbpx

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се спротивстават на обидите на Груевски за рехабилитација на Ванчо Михајлов,

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани,

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и осуден криминалец во бегство, Никола Груевски го потврди континуитетот со Ванчо Михајлов.

Исто како и Христијан Мицкоски кој јавно кажа дека нема да се огради од Ванчо Михајлов затоа што е дел од контитнуитетот на оваа партија. Тоа е истата матрица на ВМРО-ДПМНЕ која се пресликува и овде, во закондавниот дом.

Додека во ова Собрание, проевропските пратеници се лажно напаѓани за бугаризација и асимилација, зад грбот на граѓаните стои длабока врска меѓу ВМРО-ДПМНЕ и нивната сестринска партија ВМРО-БНД.
Се отворија контраверзни бугарски клубови за да се подгреат чувствата на граѓаните, да се создаде тензија и да се нарушат односите меѓу двете земји.

Ете бугаризацијата во оваа држава кој ја прави, ВМРО – ДПМНЕ и ВМРО – БНД со заеднички именител нивниот претседател Ванчо Михајлов. Токму ВМРО-ДПМНЕ во чест на Ванчо Михајлов изгради спомен куќа во Штип и постави восочна фигура во природна големина во музејот во Скопје.
ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-БНД се лонче и капаче.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ е против уставните измени, затоа е против европскиот пат на земјата, затоа не гласаа за македонски јазик во ЕУ.

Скандалозни се обидите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да го рехабилитира соработникот на фашизмот и крвникот на македонскиот народ, Ванчо Михајлов.

Од овде од македонското Собрание, кое донесе закони и декларации за заштита на македонското достоинство, на македонскиот јазик, на посебноста, како и Закони за здруженија и кое има обврска да ги штити сите наши граѓани ги повикувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ:
1. Да се спротивстават на обидите за рехабилитација на Ванчо Михајлов и
2. Јавно да се оградат и да ги осудат

Очекуваме реакција од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, не смее да биде партија којашто е иделошки поклоник на луѓето кои што биле извршители на Третиот Рајх.

Последни вести