fbpx

Со реконструкцијата се предлагаат искусни и способни кадри и поголем број жени во Владата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Парламентарното мнозинство е стабилно затоа што имаме луѓе кои знаат да ги постават работите во право време, на вистинско места, на вистински начин, порача во реплика на денешната седница пратеничката од СДСМ, Лолита Ристова.

Ристова посочи дека предлозите за министри и заменици министри за владината реконструкција, знаат да се носат со притисоците и да дадат свој придонес во реформите важни за патот кон ЕУ, додавајќи дека за неа посебна гордост претставува тоа што меѓу предлозите за министри и заменици министри има четири жени.

„Верувам и знам дека согласно нивните капацитети ќе знаат успешно да се носат со предизвикот што го имаат пред себе. Задоволство е да кажеме дека имаме зголемување на бројот на жени во извршната власт“ посочи Ристова додавајќи дека сите предлози за министри и заменици министри се искусни, способни и докажани личности.

Пратеничката Ристова истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се нервозни затоа што и тие знаат дека имаат неспособни градоначалници и слаба локална власт која не знае да понуди решенија.

Последни вести