fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски во општина Аеродром во постојано ја докажуваат сопствената неспособност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани граѓани,

Тимчо Муцунски во континуитет продолжува со негрижата за општината, а урбаниот хаос, негрижата за отпадот и уништувањето на зеленилото стануваат секојдневие за граѓаните од Општина Аеродром.

Лицемерието на Муцунски по кој знае кој пат се потврдува и со изградбата на булеварот Васко Карангелески. Да потсетиме, Муцунски пред неполни две години протестираше заедно со Левица и ЗХГ против изградба на овој булевар, пред само два дена се сликаше на булеварот гордо најавувајќи ја неговата завршницата.

Муцунски ветуваше и дека граѓаните ќе имаат чиста и зелена општина. Спротивно на тоа, секојдневно сме сведоци на расфрлан отпад, неисчистени контејнери, нечисти паркови, искршени клупи и канти за отпадоци. Но, затоа Муцунски секојдневно го гледаме како си води централна политика, а обврските за кои зема плата од граѓаните на Аеродром остануваат незавршени.

Градоначалникот Муцунски ја задолжи општината за прв пат од нејзиното основање. Од најбогата општина, Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ со нивната неспособност придонесоа Општина Аеродром да тоне во долгови со обврзница од 5,4 милиони евра, пари кои граѓаните на Аеродром ќе ги враќаат во наредните 10 години со 5% годишна камата.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски во општина Аеродром во континуитет ја докажуваат сопствената неспособност.
Ветуваат пред избори едно, а по изборите прават сосема друго. Тоа е препознатливиот начин на работа на ВМРО-ДПМНЕ, како на локално, така и на централно ниво.

Благодарам.

Последни вести