fbpx

Ковачевски: На терен проверуваме дали се почитуваат одлуките на Владата за намалување на цените

Facebook
Twitter
LinkedIn

Ние денес живееме во услови на најголема економска и енергетска криза која што Европа ја имала после втората светска војна. И со оваа Влада за разлика од претходни Влади, кои што работеа во услови на економски просперитет со тој предизвик се соочувме. Во маркет сме да го потврдиме она што сме го донеле како одлука, дали се почитува на терен, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

– Ние денес живееме во услови на најголема економска и енергетска криза која што Европа ја имала после втората светска војна. И со оваа Влада се соочува со тој предизвик. За разлика од претходни Влади, кои што живеаа во услови на економски просперитет, а кои што практично ништо не направија за државата бидејќи единствено имавме минимални плати од 8 илјади денари, имавме просечна плата од 20 илјади денари. Сега, со оваа Влада имаме минимална плата од 20.175 денари, просечна плата од 34 илјади денари., рече Ковачевски.

На терен, во марект го потврдуваме она што сме го донеле како одлука, дали се почитува, додаде Ковачевски.

-Ова е начинот на кој што треба да се види каде што може да се информираме точно кои се производите кои што има владина одлука, дали се почитува одлуката. Друг начин не постои, на лице место да се уверите треба, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ потенцираше дека е многу значајна улогата на медиумите и затоа се повикани, да информираат за она што се случува на терен, меѓутоа и да ги постават прашањата кои што практично ги интересираат граѓаните.

Последни вести