fbpx

Градоначалникот на Шуто Оризари сака да ја задолжи општината со 8 милиони евра, СДСМ е против

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Ферат Асан, претседател на ОО СДСМ Шуто Оризари

Почитувани,

Градоначалникот на општина Шуто Оризари и Претседателот на Советот на Општина Шуто Оризари на денешната седница на советот на шверцески начин во очи на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам сакаат да ја задолжат Општината со 8.000.000 денари за наводен проект Доградба на Општински ресурсен центар.

Јавно ги прашуваме двајцата гореспоменати функционери дали водат Општина или невладина организација, за која намена ја задолжуваат Општината за народот или “ИРИЗ” и “РОАМАНО ЧАЧИПЕ”.

Ги повикуваме советниците да се запрашат за чии интереси се задолжува општината од близу 135.000 Евра, за капитален проект или лични интереси на “ИРИЗ” и “РОАМАНО ЧАЧИПЕ” зад кои стојат Градоначалникот Курто Дудуш и Претседателот на Совет Сеад Исмаил?

СДСМ преку својата советничка група ќе се спротивстави и ќе преземе се за оваа одлука која е на штета на граѓаните да не се донесе.

Од овде упатуваме порака дека одговорност ќе има за секоја донесена незаконска Одлука.

Оваа дивоградба, овој објект покрај тоа што е дивоградба, се гради на државно земјиште, истовремено и се краде и струја.

Ги повикувам институциите, јавноста, Јавното обвинителство по допрен глас да поднесе кривична пријава за сторителот.

Последни вести