fbpx

МојДДВ со зголемен праг, проширен успешниот проект за повеќе пари кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Мелиса Ценовска -Серафимовска, членка на ЦО на СДСМ

Почитувани,

Започна исплатата на средствата од МојДДВ што од ова тромесечје е со зголемен лимит на 2.100 денари по корисиник.

Овие денови на сметките на корисниците на апликацијата МојДДВ ќе завршат околу 10 милиони евра, пари што државата директно ги исплаќа кон граѓаните.

МојДДВ е една од најуспешните мерки од концептот Парите назад кај граѓаните, што СДСМ го реализира веќе шеста година.

Како дел од таквиот концепт е постојаниот раст на минималната плата која денес изнесува 20.175 денари, рекордниот раст на пезниите кои во март оваа година се зголемија за 8,4 отсто, додека гарантираната минимална помош ја зголемивме за 300 отсто во споредба со 2017 година.

Истовремено, обезбедивме и повеќе пари за студентски оброк, зголемени се и воведени се нови стипендии за студентите и учениците, а го зголемивем опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток.

Субвенциите за земјоделците исто така се зголемени и се исплаќаат и пред време за да дојдат кај земјоделците тогаш кога им се најпотребни.

Нема категорија на граѓани, за која СДСМ не покажала вистинска грижа преку конкретни и остварливи мерки и политики.

Тоа за нас претставува дополнителен мотив да продолжиме со посветена работа и грижа за нашите граѓани.

Последни вести