Одговор на новинарско прашање, Сања Лукаревска, заменик-претседателка на СДСМ
Јасна е пораката на заменик-помошникот на државниот секретар на САД, Габриел Ескобар, ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи европскиот пат на земјава, рече денеска во одговор на новинарско прашање заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.
-Денеска прочитаваме една многу убава изјава од високиот претставник на САД, Ескобар, којшто напомена дека Соединетите Американски Држави не бараат од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Ковачевски туку бараат да го поддржи евро-атланскиот пат на државата. Мислам дека тука е се јасно кажано, рече Лукаревска.