fbpx

Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска Скопје е пред банкрот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Гордан Шутаров, советник на СДСМ во Советот на Град Скопје

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска и нивната неспособност се причината што Град Скопје е со блокирана сметка и е пред банкрот.

Околу 100 милиони евра годишно изнесува Буџетот на Градот а дополнително при преземањето на власта Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наследија плус од 13 милиони евра.

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да одговорат каде завршиле овие пари на граѓаните.

Чии се раце се бркнати во медот?

За сето време додека се на власт во Скопје нема ниту еден проект нема довршување ниту на наследените а јавните претпријатија крпат крај со крај.

Ова е срамно и недозволиво.

Арсовска со Скопје се однесува исто како што се однесуваше со спортската сала ,,Расадник”.

Арсовска ВМРО-ДПМНЕ и нивниот поддржувач Левица мора да одговорат каде завршија парите на граѓаните.

Тоа да го сторат на следната вонредна седница на Советот за чие оддржување веќе утре ќе поднесеме барање до претседателот на Советот.

Последни вести