fbpx

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да кажат каде потрошија над 100 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева,на денешната седница упати прашања до градоначалничката Данела Арсовска и мнозинството во Советот за тоа до каде е реализацијата на клучните капитални проекти во градот

„Каде се парите? Година и пол прашуваме и добиваме одговор дека ќе има реализација на проекти, па еве денеска пак прашуваме: До каде е изградбата на мостот Љубљанска за кој што имате 380 милиони денари пари од Владата? До каде е реконструкцијата на Универзална сала за којашто имате 120 милиони денари од Владата? До каде е изградбата на клучката кај Момин поток за којашто имате три милиони евра пари од Влада?

До каде е реализацијата на Бас рапид транзит, до каде е реализацијата на пречистителната станица?

До каде е изградбата на улиците „Васко Карангелевски“ и „Есенинова“? До каде се изградбите на кружните текови кај Нова Македонија, кај Државен завод за ревизија, оној во Ѓорче Петров и оној во Аеродром?“ праша Јанчева.

Таа побара да бидат доставени и сметките на градот, за конечно се види дали Градот е навистина блокиран.

„Доколку сметката на Град Скопје не е блокирана, јас барам да ни се достави финансиска картичка за конто 220 и 221 за доспеани обврски од земјата и од странство, како за Град Скопје така и за јавните претпријатија. Јас барам дневен извештај за состојбата на сметката и нам како советници тоа треба да ни биде овозможено“ порача Јанчева додавајќи дека Буџетот на Градот за оваа година е некаде околу 700 милиони денари, а дополнително актуелната градска влас има наследено 13 милиони евра во градската каса.

Последни вести