Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Резолуцијата на германскиот Бундестаг за македонската иднина во ЕУ и признание на македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност е уште еден државнички успех на СДСМ и парламентарното мнозинство.
Благодарение на нашите државнички политики како никогаш претходно имаме силна меѓународна поддршка изразена преку конкретни документи и решенија.
Освен од Сојузна Република Германија, силна поддршка за членството во ЕУ и потврди за македонскиот идентитет очекуваме и од други наши стратешки партнери.
Резолуцијата на Бундестагот потврди дека државничките политики на СДСМ и премиерот Ковачевски носат резултат и обезбедуваат признание на македонскиот идентитет, јазик, култура и посебност.
Од друга страна Резолуцијата потврди дека Мицкоски и ДПМНЕ не направија ништо ниту за државата ниту за македонскиот јазик и идентитет.
Мицкоски и неговата партија не лобираа кај свои сестрински партии, кои гласаат против усвојување на оваа важна Резолуцијата.
Очигледно е дека Мицкоски не може да издејствува ништо.
Тој не може да убеди сестрински партии да гласаат за Резолуција а не па да обезбеди нов договор, ниту нешто повеќе.
Сепак, Мицкоски има можеби последна шанса да направи нешто добро за земјата и сега зависи од него.
Подадовме рака, отвориме дијалог и сега на потег е Христијан Мицкоски за дојалгот да може да продолжи.
Мицкоски го промени ставот и прифати уставни измени, прифати учество во заедничка широка Влада со СДСМ и прифати дека овој собраниски состав има мандат за уставни измени.
Овие приближувања се добра основа дијалогот за сите детали и предлози да продолжи со тимови односно работни групи. СДСМ за тоа е подготвена.
На потег е Мицкоски, во спротивно тој ќе биде причината за затворање на вратата за дијалог, важен за европската иднина на државата.