fbpx

Ковачевски: По средбата со Мицкоски има добра основа дијалогот за деталите да продолжи низ работни групи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По средбата со Христијан Мицкоски има добра основа, практично сите работи што беа поставени и беа прифатени се одлична основа за да работата продолжи на оперативно ниво, низ работни групи коишто ќе ги договорат деталите, рече денеска во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

-Многу јасна беше позицијата искажана и од моја страна и од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, проф. др. Христијан Мицкоски на прес конференцијата по лидерската средба. Сметам дека таа лидерска средба даде неколку важни пораки. Прво, дека ВМРО – ДПМНЕ не е против промена на Уставот. Второ дека не е против вклучување на делови од други народи во Преамбулата на нашиот Устав, вклучително и на деловите од бугарскиот народ. Трето, дека овој парламентарен состав има легитимитет тоа да го направи, бидејќи пред тоа ВМРО – ДПМНЕ кажуваше дека нема. Четврто, дека оваа Влада има легитимитет, бидејќи ВМРО – ДПМНЕ побара да биде дел од Владата, при што беше веднаш понудено братски 50 – 50 местата на СДСМ да бидат отстапени половина на ВМРО – ДПМНЕ. Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ имаше уште еден услов, од нему познати причини, а тоа е ДУИ да не биде дел од Влада која што ќе стапи на функција по отворањето на Уставот и таа желба му беше исполнета од страна на ДУИ. Така да практично сите работи кои што беа поставени беа и прифатени. Сметам дека тоа е одлична основа за да работата продолжи на оперативно ниво, низ работни групи кои што ќе можат да ги договорат деталите. Бидејќи сепак се работи и за детали, кога почнува Владата да функционира, кога се гласаат уставните измени, се работи за рокови, рече Ковачевски.

Во одговорот Ковачевски додаде дека не сака да верува дека под притисок на Левица, ДПМНЕ повторно ќе се врати чекор назад.

-Гледам дека во еден момент имаше желба, знаете првиот ден после лидерската средба, таа беше на 7ми јуни, на 8ми јуни имаше практично дисонантни тонови од ВМРО – ДПМНЕ, во однос на толкувањето, за да после 2 -3 дена, јас не сакам да верувам дека тоа е под притисок на Левица, потполно да се вратат чекор назад, кажа Ковачевски.

ВМРО – ДПМНЕ до сега зборуваше во делот на заштита на идентитет, култура, јазик, односно го плашеше народот дека ќе сме го изгубеле, токму спротивното се случи, рече Ковачевски.

-Македонскиот јазик, идентитет, култура, се потврдени на врвно ниво во ЕУ, дополнително и со резолуција на најсилната држава, или една од најсилните држави во Европа и светот. За жал тие не успеаа, како што не успеаа 11 години, да направат ништо на европски и регионален план за државата, не успеаа ниту минатата недела. Бидејќи токму нивните сестрински партии не ја поддржаа таа резолуција. Тоа значи дека, знаете тие велеа, кога тие ќе дошле ќе преговарале нова преговарачка рамка. Тие не можеа една резолуција да излобираат од 3 пратеника да гласаат во Германија, ќе правеле нова преговарачка рамка. Така да мислам дека треба да опстанат на она што го кажаа на прес – конференцијата на 7ми јуни и да седнеме и заедно братски, рамо до рамо да ги донесеме одлуките кои што значат подобра иднина и животен стандард на нашите сегашни и идни генерации., рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, додаде дека одлуката за продолжување на европската иднина треба да се донесе заедно, затоа што оцени дека е непријатно за една партија како ДПМНЕ да не поддржи ниту една одлука којашто е за стратештките цели на земјата.

-Сметам дека оваа одлука треба да се донесе заедно, сметам дека ВМРО – ДПМНЕ исто така се наоѓа во позиција која што не е најпријатна. Бидејќи една голема партија да не гласа ниту една одлука која што е значајна за стратегиските цели на државата, тие не поддржаа ниту договор со Грција, ниту членство во НАТО, ниту догвор за добрососедство, ниту преговарчаката рамка, ниту договорот Фронтекс. Стварно е непријатно кога самите не знаат да ги објаснат. На пример, за Фронтекс велат дека не го слушнале ѕвончето. Знаете кога ќе кажат 44 луѓе дека не слушнале ѕвонче, тогаш е стварно, сфаќате дека се наоѓаат во непријатна ситуација. Меѓутоа сепак сметам дека ова е многу важна одлука за државата и дека треба да се направи заедно, рече Ковачевски

Сметам дека тие ќе изнајдат сила и начин тоа да го направат, додаде тој.

Последни вести