fbpx

20 месеци Универзална сала стои нечепната, да се прифати одлуката на Советот за преземање

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ

Почитувани граѓани,

Универзална сала, симболот на солидарноста на Скопје, како и низа други проекти започнати од минатата локална власт на СДСМ, 20 месеци стојат в место.

Иако државата има обезбедено пари, 120 милиони денари или 2 милиона евра, Универзална сала не е чепната една и пол година.

Неспособноста на локалната власт на ДПМНЕ во Скопје создаде хаос и нема реализирано ниту еден проект.

СДСМ иако е опозиција во Советот, продолжува да работи за доброто на Скопје, за доброто на граѓаните.

Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата на советничката група на СДСМ за предавање на ингеренциите за проектот за реконструкција на Универзална сала на Министерството за култура.

Сега на потег е градоначалничката на Град Скопје, која во рок од 7 дена треба да ја подготви одлуката.

СДСМ апелира да се прифати оваа одлука на Советот и реконструкцијата на Универзална сала да ја преземе Министерството за да може овој значаен проект да биде завршен.

Универзална е симбол на Скопје, симбол на солидарноста и по реконструкцијата таа треба да им се врати на граѓаните како важен репрезентативен објект во главниот град.
СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните.

Последни вести