fbpx

Ги ослободуваме од здравствена партиципација лицата со попреченост и над 26 години возраст, грижата продолжува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ

Почитувани,

СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите категории граѓани.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за здравствено осигурување.

Со овие измени се ослободуваат од плаќање партиципација лицата со попреченост и со над 26 години возраст.

Ова е долгогодишно барање на оваа категорија граѓани и ние како одговорни пратеници тоа сега го овозможуваме.

На овој начин, го олеснуваме пристапот до лекарски услуги на лицата со попреченост кои повеќе нема да треба да плаќаат партиципација за услугите што ги добиваат.

Ова, освен во делот на лекување, позитивно ќе влијае и на превентивата и на редовните лекарски прегледи на лицата со попреченост.

Унапредувањето на квалитетот на живот на сите категории граѓани, останува врвен приоритет за СДСМ и за парламентарното мнозинство.

Затоа, ќе продолжиме да носиме мерки и политики што се во интерес на нашите сограѓани.

Последни вести