fbpx

СДСМ со граѓаните, укинато спојувањето концесии за рудникот Иловица

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

СДСМ како одговорна партија останува на страната на граѓаните и нивните интереси.

Владата предводена од СДСМ донесе Одлука за укинување на спојувањето на концесиите за рудникот Иловица.

Со тоа продолжуваме да ги користиме сите механизми за да спречиме отворање на рудници во Струмичкото поле.

СДСМ од прв ден беше против и се уште е против отворање рудници, за разлика од ДПМНЕ кои денес лицемерно глумат загриженост, а впрочем токму тие ја дадоа концесијата за рудникот Иловица, како и други 85 концесии за рудници.

Одлуката за доделување концесија за рудник за бакар и злато во Иловица е донесена на 16 јуни 2012 година.

Еве документ што тоа го потврдува.

На оваа одлука потпишан е Зоран Ставревски како тогашен Заменик претседател на Владата, еден од најблиските соработници на бегалецот и почесен претседател на ДПМНЕ, Никола Груевски.

Пред доделувањето на концесијата претходеле позитивни мислења од неколку државни органи.

Тоа е овој документ, каде се издвоени позитивни мислења од неколку институции.

Миле Јанакиески, тогашен министер за транспорт и врски, Паско Кузман, тогашен директор на Управата за заштита на културното наследство, Љупчо Димовски, тогашен министер за земјоделство, се само дел од тогашните функцинери од ДПМНЕ и коалицијата кои даваат поддршка за отворање рудник во Иловица.

Позитивно мислење даваат и општините Ново Село и Босилово, тогаш раководени од градоначалници и мнозинство во Совет од редовите на ДПМНЕ.

За разлика од нив Владата предводена од СДСМ уште од старт на мандатот презема чекори во насока на заштита на интересите и барањата на граѓаните и затоа рудниците не се отворени до ден денеска.

Во јуни 2019 Владата предводена од СДСМ го задолжува Министерството за економија да достави предлог одлука за едностран раскин на Договорот за концесија, а во декември истата година, истата Влада на СДСМ носи Одлука за едностран раскин на Договорот за концесија.

Тоа е вистината за концесиите, дозволите и одлуките за рудникот за бакар и злато во Иловица.

ДПМНЕ со својата неодговорност, неспособност и алчност, ја втурна државата во судски лавиринти во кои се уште е заглавена.

За разлика од нив, СДСМ ќе продолжи да ги штити интересите на граѓаните, ќе продолжи со заштита на здравата животна средина и ќе продолжи да работи на отворање на нови работни места, но во сектори и индустрии кои не ја загрозуваат животната средина.

Последни вести