Соопштение за јавност
Во одговор на пратеничко прашање, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во Собранието истакна дека при давањето на концесиите за рудникот Иловица се случило, втората концесија целосно да ја заобиколи првата концесија.
„Вчера се објавени сите документи од 2005 година со сите мислења, потписи, одобрувања на концесиите, и добивме уште една многу интересна работа а сигурно сте ја виделе, на графиконот каде што е обележана првата концесија и втората концесија и тоа е многу интересно како е направено, втората концесија комплетно ја заобиколува првата концесија, зошто е тоа направено? Единствен одговор можат да дадат тие кои што одобриле концесиско подрачје врз веќе дадено концесиско подрачје. Кои се тие? Ако ги погледнете документите објавени на сајтот на Министерството за економија таа концесија ја издале Никола Груевски со позитивни мислења од тогашниот министер Миле Јанакиески, министер за земјоделство Љупчо Димовски, низа мислења бидејќи се работи за постапка во три чекори дадени и од Владо Мисајловски и од Паско Кузман и од сите. И јас не велам дали тие тоа тогаш го подржувале бидејќи со својот потпис дека немаат никаква забелешка на доделување и на првата и на втората концесија и од аспект на транспорт и врски и од аспект на животна средина и од аспект на земјоделие и од аспект на води значи немаат ниту една забелешка, ниту една забелешка“ порача Ковачевски.
Претседателот Ковачевски посочи дека ДПМНЕ треба да ги даде сите одговори околу концесиите за рудникот Иловица.
„Кога веќе на некого му дале концесија каде што втората концесија комплетно се наоѓа врз првата концесија согласно закон тој има право да побара спојување на концесиите. Како се прави тоа? На сајтот на Министерство ви е објавен и записникот, и записникот ви е објавен од ваша влада за спојување на концесиите, и знаете што пишува во записникот- нема никакви забелешки за концесиите да се спојат. Јас не велам дали некој имал некаква лоша намера, добра намера, ваква или таква намера, можеби овие што ги споменав дел од кои што се активни сега а добар дел се активни, дел во Парламент, дел како советници во вашата партија можеби смениле мислење, но треба да излезат да кажат, дали сега можеби влијае лошо на животната средина оти тогаш не им влијаело лошо на животната средина. Погледнете ги одлуките на општините и на Ново Село и на Босилово, и градоначалник и совет тоа време од ВМРО-ДПМНЕ и донеле позитивна одлука за отворање на рудници во Босилово и Ново Село. Владата ги носи одлуките, но повторувам, да дадете концесија еден и врз неа да издадете концесија два и да потпишеш записник во 2016 да се спојат е тоа ќе прашате кај вас, не може да прашате во оваа Владата“ истакна Ковачевски.