Одговор на новинарско прашање, Фаница Николоска, пратеничка на СДСМ
Одговор:
Во петок на осумнесети е закажана седницата со единствена точка на дневен ред а тоа е предлог за пристапување кон измени на Уставот, предлог доставен од страна на Владата.
Очекувам сите 120 пратеници да се стават на висината на задачата, да ја сватат одговорноста којашто сите ја имаме пред граѓаните. Ова на Мицкоски му е последната можност да се приклучи кон проевропскиот блок. Мицкоски и ДПМНЕ ја имаат можеби последната шанса да покажат чуство на одговорност пред граѓаните затоа што наша обврска како политичари е да им обезбедиме сигурна иднина на граѓаните. Како што нашите предци овозможиле услови да живееме во слободна,самостојна и суверена држава, така и опозицијата да се приклучи и заеднички да создадеме просперитетна Македонија во која идните генерации ќе ја планираат иднината дома.