fbpx

Неспособни, ДПМНЕ со месеци не може да го санира мостот „Беласица„ во Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје

Почитувани граѓани,

Поминаа четири месеци а мостот „Беласица“ неспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје се уште го нема санирано.

Овој мост освен што е витален за сообраќајот во овој дел на градот, е клучен за парното снабдување на скопјани, под него минува главната топловодна мрежа.

Надлежните институции не можат да ги постават новите цевки само затоа што локалната власт на ДПМНЕ и Арсовска го нема санирано мостот.

Ако бргу не се санира овој мост, ризикот е скопјани да останат без навремено снабдување со парно. А сообраќајниот хаос ќе продолжи и понатаму.

На градоначалниците на ДПМНЕ воопшто не им е грижа за граѓаните.

Овој случај уште еднаш ја покажува неспособноста на локалната власт на ДПМНЕ во Скопје и нивната градоначалничка.

Во Скопје не се работи ништо, наместо да се развива Скопје уназадува.

И тоа секогаш се случува кога ДПМНЕ ќе добие доверба од граѓаните

Еден мост не можат да санираат а не да направат нов.

Последни вести