Прес-конференција, Даниела Николова, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
СДСМ го штити стандардот на граѓаните, со новите мерки и одлуки на Владата се намалуваат цените на над 500 прехранбени производи во 25 категории.
Со оваа одлука се намалуваат цените на лебот, оризот, месото, млекото, јогуртот, сирењето, кашкавалот, брашното, јајцата, овошјето, зеленчукот.
Граѓаните до 30 ноември по намалени, замрзнати цени ќе можат да купуваат и пекарски производи, бисквити, тестенини, салами, павлака.
Овие прехранбени производи ќе се продаваат за 10 проценти пониска цена во однос на цената по која што се продавале на 1 август.
Дополнително, кај дел од производите кај кои од август до сега е забележано енормно покачување на цените може да има поевтинување и за 30 проценти.
Маркетите до крајот на неделата се должни на сите производи за кои важи мерката да ги обележат со ознаката „гарантирана цена“.
Ваквите мерки освен што директни влијаат на намалување на секојдневните трошоци на граѓаните за храна, ќе влијаат и на намалување на инфлацијата.
СДСМ е на страната на граѓаните и останува посветена во заштита на животниот стандард.
Благодарам