Прес-конференција, Мелиса Ценовска Серафимовска, членка на ЦО на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Со СДСМ, македонската култура постигнува значајни успеси.
Главниот град, Скопје, е избран за „Европска престолнина на културата за 2028 година“.
Европските експерти ја препознаа искрената посветеност на надлежните институции.
Добивањето на оваа престижна титула ќе значи можност за силен културен развој на градот, реализација на нови проекти со кои ќе се збогати европската културна таписерија со македонските богатства.
Овој избор е признание на сите заложби на институциите предводени од СДСМ, пред се Министерството за култура, Владата но и поранешната локална власт во градот која имаше визија и ја подготви апликацијата.
Додека ДПМНЕ го уназадува Скопје, му предизвикува нова катастрофа, СДСМ обезбедува можности за развој.
Надлежните институциите се подготвени да одговорат на предизвикот. Владата, преку Министерството за култура, безрезервно поддржуваат реализација на овој проект.
Следува уште многу работа за Скопје и целата македонска култура во 2028 година да се покажат во најдобро светло на европската и светската сцена.
Овој нов успех на македонската култура доаѓа само неколку дена по одлуката на Комитетот на УНЕСКО со што го сочувавме престижниот статус на нашиот бисер. Охридскиот регион остануваат на листата на светско културно и природно наследство, со исклучителна универзална вредност.
СДСМ, преку институциите коишто ги предводи покажа одговорност и сите преземени чекори и постапки сега се препознаени и соодветно валоризирани.
Македонската култура заслужува да биде признаена како култура со европски вредности и сето она што го негуваме како традиција и историја.
Благодарам