fbpx

Го штитиме стандардот, нови мерки за намалување на цените и политики за поголеми плати и пензии

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Грижата за сите граѓани и заштитата на стандардот е во фокусот на мерките и политиките на СДСМ.

Со новата мерка „гарантирана цена“ стотици основни прехранбени производи од пекарската, млечната и месната индустрија се намалени од 10% до 40%.

Листата на производи е проширена и со пијалаците а со последните одлуки се намали и маржата за овошјето и зеленчукот.

Сите овие мерки се надополнуваат и со намалување на увозните давачки за овошјето и зеленчукот и за дел од млечните производи со што цените се намалуваат и до 30%

Ваквите мерки на СДСМ имаат и економски и социјален карактер.

Намалувањето на цените на храната го штити стандардот на граѓаните, особено на ранливите и обезбедува пристап по пониски цени на сите неопходни производи.

Зголемувањето на платите и пензиите кои што со СДСМ растат во континуитет, се надополнуваат овие политики за подобрување на стандардот на граѓаните.

Минималната плата која беше 8.000 денари до 2016 година, а во некои сектори и помала денес е 20.750 денари што е зголемување повеќе од двојно.

Просечната плата којашто беше 22.000 денари денес е 37.000 денари, односно за 60% повеќе.

Платите во одредени сектори се зголемени до 40%, како што е кај докторите специјалисти, 20% кај другите лекари, во образование споредбено со 2016 година платите се зголемени и над 50%.

На овој начин, од 2017 година наваму една минимална плата и една просечна плата ја надминуваат вредноста на потрошувачката кошничка.

Тоа никогаш се нема случено пред 2016 година, за време на владеењето на ДПМНЕ.

Ние ќе продолжиме со политиките кои значат подобрување на животниот стандард, извлекување од сиромаштија и повеќе пари назад кај граѓаните.

Со општиот колективен договор следува зголемување на платите на целиот јавен сектор за 10% и исплата на К-15 од 10.000 денари на секој вработен.

Следува ново зголемување на пензиите и континуирано зголемување на минималната плата, како и платите во други сектори.

Последни вести