fbpx

Извештајот на ЕК потврди, кочењето и блокадите на ДПМНЕ се пречка за напредок

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани,

Извештајот на Европската комисија потврди: ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на европскиот пат и на реформите на земјата.

Поразително за пратениците од ДПМНЕ во Извештајот стои, цитирам:

„Главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ активно ја блокираше парламентарната работа, што беше значајна пречка за напредок“ (страна 10 од Извештајот).

Ние, пратениците од СДСМ и коалицијата на ова укажувавме и баравме ДПМНЕ и Левица да не го кочат напредокот на земјата, да не ги кочат реформите, да не го кочат европскиот пат.

Сега тоа го бара и самата Европска Унија.

Но, и покрај опструкциите на опозицијата, нашата татковина продолжува да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство.

Земјата ги продолжува напорите за ЕУ реформите и секојдневно работи на исполнувањето на европските стандарди, што е нотирано и во овој Извештај.

Имаме прогрес во 81% од поглавјата, нема назадување во ниту едно поглавје. Во однос на подготвеност на поглавјата, во 90% сме со соодветно ниво на подготвеност.

Нема повеќе делови во Извештајот како во времето на ДПМНЕ од 2015 или 2016 година, нема мешање во судската власт, нема уназадување.

Вчера беше објавен пакет за проширување на ЕУ и План за раст на економиите на Западен Балкан

Само со овој план на располагање имаме 1 милијарда евра за Македонија.

Значи дека ако продолжиме со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе го имаме за пет месеци од сега.

Затоа блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски мора да бидат поразени.

Но не само заради ЕУ, блокадите и опструкциите на ДПМНЕ и Мицкоски во македонското Собрание треба да бидат поразени заради сите наши граѓани и заради иднината на земјата.

Последни вести