fbpx

Битиќи: Економските мерки даваат резултат, инфлацијата доаѓа на ниво како пред кризата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Економските мерки на Владата даваат резултат, последниот месец инфлацијата од 3.5% е речиси на ниво како пред кризата, рече денеска потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи во „Утрински печат“.

-Мерките што ги преземаме даваат резултат. Кажавме дека до крајот на годината ќе ја завршиме на висина со скоро исто ниво на инфлација како што имавме и пред кризата. 3.5% последната инфлација, последниот месец. Минатата година во октомври инфлацијата беше 19.8 отсто, со што намалувањето на само 3,5 е сериозно. За година дена да стигнете до 3.5% значи дека има сет на мерки кои се преземаат за да се спушти. Зголемувањето на цените во малопродажба е само 1% во последниот месец, тоа значи дека нема промена на цени, рече Битиќи.

Поготввуваме нов пакет мерки, пензионерите ќе бидат опфатени во овие мерки а и пензиите ќе продолжат да растат, рече Битиќи додавајќи дека за минимална пензија се прават последните анализи.
Над 130 илјади пензионери во изминатите неколку години со мерките и политики на СДСМ се извлечени од сиромаштија и сега добиваат подостоинствени пензии, рече Битиќи.

-Сите забораваме дека кога дојдовме во 2017 година, скоро повеќе од 240.000 добиваа пензии под 14.000 денари. Денес, имаме 106.000 пензионери кои добиваат пензии до 14.000 денари, а овие другите 130.000 веќе добиваат пензии скоро до просечна пензија. Значи овие 130 илјади пензионери се извлечени и сега добиваат подостоинствени пензии, рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Последни вести