fbpx

Пецаков, градоначалникот на Охрид од ДПМНЕ, заминал на егзотично патување, го нема

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Лионела Јаковлева, членка на ИО на ОО СДСМ Охрид

Почитувани граѓани,

Поминаа цели две години откако Пецаков и ДПМНЕ го запоседнаа Охрид, а Пецаков не се одважи да застане пред охриѓани и да даде отчет за сработеното. Пецаков ГО НЕМА.

И додека Охрид тоне секој ден, додека се тера интензивна партизаицја на општината градоначалникот од ДПМНЕ, Пецаков ГО НЕМА .

Цела недела Пецаков не е ниту во Охрид ниту во Македонија.

Додека расте револтот на охриѓани прашањето е каде е градоначалникот Пецаков?

Според информации кои се доставени до нас тој е на егзотично патување заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет?

Кој платил за егзотичното крстарење на Пецаков?

Граѓаните на Охрид очекуваат одговори.

Последни вести