fbpx

Милошоски да се извини за лагите на Анкетната комисија за Онкологија, ДПМНЕ е демантирано

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На денешната седница на Анектната комисија за случајот Онкологија пратеникот на СДСМ, Ненад Коциќ презентираше докази како Антонио Милошоски од ДПМНЕ ја лаже јавноста. Коциќ побара извинување од Милошоски за изнесените лаги.

Во продолжение интегрален текст од обраќањето на Коциќ:

„На минатата седница на Анкетна Комисија пратеникот Антонио Милошоски за време на процедурална забелешка прочита одлука на Влада, за која што тврдеше дека станува збор за наводна намера на Владата да дозволи уништување на доказен материјал на Клиниката за онкологија, при тоа наведувајќи свои лични квалификации.
Врз основа на Законот за пристап до информации побаравме и добивме документ за каква одлука се работи. Еве го тој документ. Нека го види и јавноста. Истиот го демантира Милошоски, го демантира ДПМНЕ и го покажува нивното вистинско лице.

Имено, не се работи за одлука за расходување на потрошен и дотраен материјал како што Милошоски лажно тврдеше туку станува збор за медицинска опрема два кревети во вредност од 0 денари, шест столици со вредност 0 одлука, медицински апарат 0 медицински апарат 0 денари и уште еден медицински апарат 0 денри. Значи се врши избор на рецициклирање и уништување отпад.

Ова е уште една потврда дека целта на ДПМНЕ со Анкетната комисија воопшто не е ништо друг освен да се опструира истрагата и да се пласираат невистини.
Освен манипулирање на јавноста и злоупотреба на случајот ДПМНЕ нема друга намера.

Се изведуваат невистини, инсинуации, клевети…се со една цел, создавање страв кај граѓаните и недоверба во институциите.
Очигледно целта на ДПМНЕ не е правда туку манипулација.

Бараме пратеникот Милошоски јавно да се извини за манипулациите на македонската јавност. Исто така бараме да се одложи почетокот на седницата додека пратеникот не се извини на македонската јавност. Злоупотребата на работата на Анкетната комисија мора да прекине.“

Последни вести